mdc.Architetonica  

МДЦ АРХИТЕКТОНИКА

Посветеност

Почнувајќи од 1992 год., МДЦ Архитектоника проектира и гради станбени и деловни објекти и уредува ентериери, секогаш следејќи ги современите текови во архитектурата и градењето.

МДЦ Архитектоника со својата стручност, знаење, искуство и професионалност, се стреми кон создавање висококвалитетна архитектура која одговара на потребите на корисниците.


Овластувања и лиценци

Со  својата стручност, знаење и искуство вработените во фирмата се носители на Овластувања за проектирање, надзор и ревизија на проекти, како и Овластување за изработување Урбанистички планови.

МДЦ Архитектоника поседува Лиценци за проектирање, надзор и изградба на објекти и Лиценца за изработка Урбанистички планови.

 

Визија и развој

Доследни на следењето на актуелните проблеми кои се глобално присутни МДЦ Архитектоника ги насочи своите активности кон имплементирање европски и домашни стандарди, знаења, принципи и искуство за архитектонски третман на енергетските проблеми на објектите кои на корисниците треба да им обезбедат оптимална животна и работна средина.


Нов архитектонски концепт

Респектирањето на овие знаења пред нас поставија и стандарди за нов нискоенергетски архитектонски концепт при проектирање и градење одржливи објекти.


Партнери

  • Наш партнер во изградбата еко објекти е европски реномираниот производител ТМК - Криваја од БиХ кој зад себе има 60 годишна традиција во изградбата на монтажни објекти и кој поседува сертификат од Otto-Graf Institutot od Stutgard и сертификат на стандардот ISO 9001:2000 добиен од сертификациската куќа Earland како и атест ETA кои го потврдуваат стандардот и квалитетот на овие објекти .
  • Наш партнер за изведба контактни фасади Siding е Royal Europa од Полска кој е дел од Royal Group Technologies Ltd од Канада - најголем производител на градежни ПВЦ материјали во Северна Америка и по чија технологија е изработен Sidingot - материјал кој е сертифициран и поседува интернационални атести.
мдц.Архитектоника Join Us on Facebook!!
All content © 2008 - 2024 mdc Architectonica - arh.com.mk | developed by 6th star